Најбогатиот човек на Африка го купува Арсенал?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Најбогатиот човек на Африка, Нигериецот Алико Данготе, планира да го купи Арсенал.

Данготе е голем навивач на лондонскиот клуб, а тој јавно истакна дека во 2021 година планира да ги купи Топџиите од Стен Кроенке.

“Јас би сакал да го купам Арсенал, но во моментов имам проекти од 20 милијарди долари на кои треба да се концентрирам. Се обидувам да ги завршам тие работи, но веројатно би можел да навлезам во приказната на Арсенал во 2021 година”, рече Данготе, продолжувајќи:

“Ќе го купам Арсенал веднаш штом ќе ги завршам овие проекти. Во моментов се обидувам да ја подигнам компанијата на повисоко ниво”.

Алико Данготе е голем навивач на лондонскиот клуб. Никогаш не го криел тоа, и сигурно за Топџиите добро ќе дојде инвестиција на новиот сопственик.

Моменталниот сопственик Стен Кроене е човек кој навивачите на тимот од Емирати не можат да го поднесат и не можат да чекаат да го видат неговиот заминување, а Данготе сигурно ќе беше пречекан како спасител.

Богатството на овој Нигериец се проценува на повеќе од 10 милијарди долари.