Најдобриот фудбалер на Милан ја одби понудата на Барселона бидејќи не сака на клупа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Милан Карлос Бака се одлучи на еден несекојдневен потег.

Имено, Колумбиецот, ако се верува на бројните италијански медиуми, одби да премине во Барселона во овој преоден рок бидејќи не сака да биде замена за уругвајскиот напаѓач Луис Суарез, поради тоа што смета дека Суарез е незаменлив во врвот на нападот на Барселона.

Барселона се одлучи на Милан да понуди 30 милиони евра, што е сума која одговара на челниците на Росонерите, но Бака го стопираше тој трансфер бидејќи сака да биде прв напаѓач на својата следна екипа.

Спремен е да сочека понуда на било кој друг клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите, поради тоа што неговата разделба со Милан, поради лошата финансиска ситуација во Милан, е неминовна.