Најдобриот турски стрелец на сите времиња е „терорист„?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хакан Шукур е во бегство, ја пребаруваат неговата куќа и куќата на неговиот татко.

Најдобриот турски стрелец на сите времиња, Шукур во февруари е оптужен дека го навредувал Ердоган на Твитер. Тој своевремено влезе и во парламентот на Ердоган но поради корупција во 2013 беше отфрлен.

Сега е оптужен дека е терорист и еден од инспираторите за пукањето против турскиот лидер и ако биде фатен ќе заврши во затвор.

Кога Шукур се женеше прв пат, негов кум беше Таџип Ердоган, тогаш градоначалник на Истанбул па така падна и пријателството но сега Хакан е во бегство.

Шукур инаку по потекло е Албанец од Косово и со 51 голови е најдобриот турски стрелец во историјата. Со Галатасарај освои УЕФА куп, а со Турција играше полуфинале.

Се повлече во 2008. Во кариерата освои 14 трофеи со Галатасарај, италијански куп со Парма а играше и во Интер и Блекбурн.

За Галатасарај има дадено повеќе од 220 голови.