Најлошиот коцкар во Америка изгуби милион долари поради Супербол натпреварот (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џим Мекингвејл, сопственик на ланецот на продавници Галерија Мебел, изгуби еден милион американски долари за време на годинашниот „Супербол“.

Џим е познат по тоа што е голем обожавател на коцкањето, но и најлош коцкар во САД. Тој предвиде дека Сан Франциско ќе ги победат Канзас Сити Чивс во Суперболот и тој беше толку сигурен што уплатил 1 милион долари на тој коефициент. Поточно, тој уплатил на два идентични тикета од по 500.000.

Сепак, 49ерси на крајот загубија со 31:20 , откако одиграа очајна завршница на натпреварот, а покрај тоа што Џим загуби 1 милион долари, многу од неговите клиенти се исто така се во минус. Поточно, тој вети дека на денот на Суперболот кој ќе купува во неговите продавници и ќе потроши повеќе од 3.000 долари во готово ако го погоди овие тикети ќе им ги врати парите. На крајот, тоа не се случи.

Многумина веруваат дека овој вид обложување е само маркетиншки трик на Џим, инаку познат како Матрис Мек, затоа што привлекува голем број клиенти во своите продавници.

Тој многу се забавуваше во минатото кога станува збор за кладилниците и играше во текот на НФЛ-от против Канзас Сити. Во плеј-оф судирот помеѓу Канзас и Хјустон Тексас, тој исто така стави милион долари на Хјустон, кој на крајот го загуби и покрај тоа што имаше неверојатна предност од 24-0. Во финалето на конференцијата, тој се обложи на Тенеси против Канзас Сити со милиони долари и исто така загуби.

Тоа не е сè затоа што истиот човек минатата година ги загуби 12-те милиони американски долари во финалето на МЛБ-лигата, откако се обложи дека неговите Хјустон Астрос ќе ги победи Вашингтон. Тоа не се случи затоа што Вашингтон славеа 4:3. Дури и тогаш, тој вети слични попусти во неговите продавници во случај да ги освои тикетите.

Значи, во претходниот период тој изгуби 15 милиони долари, но затоа привлече голем број на луѓе во неговите продавници.