Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез најверојатно ќе ја продолжи кариерата во дресот на Барселона.
Со месеци се шпекулира дека Лаутаро е прва мета на Барселона во летниот рок, и дека тие го гледаат напаѓачот на Интер како идеална замена за Луис Суарез.
Ниту Лаутаро не ја крие желбата да ја продолжи кариерата во каталонскиот клуб и да делсоблекувална со својот сонародник Лионел Меси. Барселона и Интер веќе некое време преговараат за трансфер во кој скоро сигурно ќе се вклучат барем еден играч на Барса.
Лаутаро јасно стави до знаење дека сака да ја продолжи кариерата во Барселона, иако првата сезона најверојатно нема да биде првиот состав. Тој ќе пристигне како замена за Суарез, но тешко е да се очекува да го исфрли одличниот Уругваец од првиот состав во првата сезона.
Легендарниот Фабио Капело исто така објави дека му кажал на Лаутаро дека ќе биде подобро да остане во Интер уште една сезона.
“Лаутаро сигурно нема да биде првиот напаѓач ако замине во Барселона ова лето. Суарез се уште е таму и може да и помогне на Барса многу повеќе од тоа за што се свесни. Лаутаро ќе биде резерва и мислам дека е паметно за него да почека уште една сезона, а потоа да оди во Барселона “, рече Капело.