Напаѓачот Дејан Цветаноски ја засили Победа


Дерби во Англија, Столе против кралевите во Мадрид ↓↓↓


На денешниот претпладневен тренинг на фудбалерите на Победа се приклучи и најновото засилување напаѓачот Дејан Цветаноски. 26 годишниот Цветаноски(183 цм) доаѓа од битолски Пелистер каде настапуваше пролетната полусезона а беше стрелец на единствениот гол на вториот бараж натпревар во кој Пелистер го совлада Турново.

Цветаноски потекнува од школата на Напредок Кичево каде и се афирмира настапувајќи во Првата лига, а во кариерата настапувал уште за прволигашите Турново, Тетекс, и Младост Царев Двор. Во досегашниот тек на преодниот рок (кој завршува на 31 август) Победа ги ангажира:Ристе Илиоски и Александар Ристевски од Младост Царев Двор, Кемал Аломеровиќ од Академија Пандев, Давор Талески од Брегалница, Дарко Илиоски кој претходно настапуваше за Металург и Димитар Иванов од Тетекс, а на првиот тим е приклучен и најталентираниот прилепски млад фудбалер-репрезентативецот Лука Трајкоски.