„Наполи е мој клуб, тука останувам“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот за врска на Наполи Словакот Марек Хамшик ќе го продолжи договорот со италијанскиот тим.

Покрај тоа што многубројни европски клубови беа заинтересирани за неговите услуги, играчот на средината на теренот на Наполи, Марек Хамшик се одлучи да игра уште во Серија А.

Тој денеска се најде со челниците на клубот со цел да разговара околу условите.

После разговорот, имаше порака која ги израдува сите навивачи на Наполи.

„Убаво ми е во Неапол, имам се што ми треба. Не сакам уште да заминам“ ,рече за странските медиуми фудбалерот, Марек Хамшик.

Да потсетиме, покрај Игуаин, Словакот беше еден од носителите на играта на Сините во текот на минатата сезона.