Наполи одби 50 милиони за стопер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Наполитанците Де Лаурентис ден после завршувањето на преодниот рок изјави дека на крајот е задоволен со учинокот и убеден е дека екипата е посилна отколку од лани…

Јувентус најсериозен ривал од претходните неколку сезони во ова лето ја „украде“ првата ѕвезда на тимот Гонзало Игуаин, што имаше ефект „сол на рана“.

Под Везув „Пипита“ во истиот момент е прогласен за предавник, на основа на пораките и разни перфоманси поврзани за заминување на Аргентинецот во Јуве не смееме ниту да помислиме како навивачите ќе го дочекаат кога ќе дојде повторно на “Сан Паоло“.

Како замена за најдобриот стрелец во Калчото од минатата сезона и човекот кој постигна најмногу голови во една сезона во историјата на Серија А, стигна Аркадијуш Милик.

Ова момче во преходната година блескаше во дресот на Ајакс, а остави одличен впечаток во дресот на репрезентацијата на Полска на Европското првенство во Франција. Милик веќе освои симпатии кај навивачите поради два гола на дербито против Милан во второто коло од Серија А во тековната сезона.

Освен полскиот напаѓач, под Везув стигнаа добри засилувања и во средниот ред. Неговиот сонародник Пјотр Зјелински е доведен од Удинезе, и Амаду Диавара од Болоља и Марко Рог од забрески Динамо. Сите тројца наброени беа мети на големите италијански клубови.

Бедемот е засилен со двајца стопери – Никола Максимовиќ, од неодамна најскап српски фудбалер на сите времиња, со чие продавање Торино заработи огромни пари, како и Лоренцо Тонели, колку долго време беше надеж на Емполи.

Сепак, со сите горенаведени новодојденците, за чии трансфери се вложени вкупно 115 милиони евра, впечаток е дека најголемо засилување на Наполи е останувањето на Калиду Кулибали во тимот.

За тоа зборува и претседателот Аурелио Де Лаурентис.

„Челси излезе со понуда од 50 милиони евра, но останавме доследни на својата одлука. Меѓутоа, поради тоа што него го очекуваат обврски на Купот на Африканските нации, ние моравме да ја осигураме последната линија со доведувањето на Тонели и Максимовиќ“, рече тој и додаде дека клубот завзеде став и по прашањето за Маноло Габијадини, кој фудбалер многу клубови го сакаа.

Наполи имаше среќа на ждребот за Лигата на шампионите, ќе се натпреварува во група со Бенфика, Бешикташ и киевски Динамо, но главна амбиција на клубот е прекинување на доминацијата на Јувентус во Италија.