Наполи во голема неволја, дефанзивецот доживеа страшна повреда!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Наполитанците не успеаја да постигнат погодок на дуелот против „биковите“, од друга страна исто така, Белоти и неговите соиграчи не успеаја да ја реализираат својата шанса и така на стадионот во Торино имавме непосакуван резултат од 0:0.

За жал, повредата на бекот Хисај беше највпечатлива сцена на вчерашниот дуел.

Албанецот доживеа многу незгоден пад после дуелот со Ансалди, бекот од Торино проба да го ублажи падот на дефанзивецот од Наполи, но не успеа.

Денес пристигнаа извештаите од Наполи, Хисај имал скршено коска од градниот кош, и со сигурност некое време ќе биде надвор од теренот и ќе ги пропушти обврските во репрезентација за време на итнернационалната пауза.

Првите наводи беа дека паузата би можела да трае два до три месеци, што би било голем удар за Анчелоти и Наполитанците. Незгодниот пад на Хисај, може да го погледнете ОВДЕ.