Наполи во офанзива: Џакерини е завршена работа, се согласија Јуве и Зенит, се чека на Переира и Витсел


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Наполитанците се блиску до доведување на тројца фудбалери.

За Наполи ова лето баш и не оди онака како што замислуваше Де Лаурентис, каде и да се обидат “удираат во ѕид” поради чудните услови на Де Лаурентис, конечно стигнуваат и добри вести под Везув.

Прво не успеаа да се договорат за оштетувањето за Ектор Ерера и се откажаа, потоа се договорија со Удинезе за Зјелински но Полјакот не сакаше во Наполи. Се свртеа кон Антонио Кандрева и трансферот изгледаше како завршена работа, но на крајот трансферот пропадна бидејќи Де Лаурентис инсистираше на чудни услови во врска со имиџот на играчот.

Сега конечно после Тонели се на чекор од второто засилување ова лето. Тие успеаа да го договорат трансферот на Емануеле Џакерини. Сеуште не е официјално, но италијанските медиуми тврдат дека сите три страни се задоволни. Сандереленд се согласи да го продаде за 2.5 милиони евра, а Џакерини прифати да игра за помала плата од 2 милиони на 1.5 милиони евра по сезона.

Се очекува да пристигне и Переира од Јувентус, “Старата дама” се согласи останува да се договорат уште со играчот.

Покрај Переира, Наполи е блиску и до доведување на фудбалерот на Зенит, Аксел Витсел. Зенит е задоволен со понудените 22 милиони евра, плус три во бонуси, што е одлично за играч кој влегува во последната година од договорот. Останува да се согласи уште Витсел кој во Зенит заработува четири милиони евра, додека Наполи му нуди 3.2 милиони евра по сезона.