Го напушти Баерн, синоќа официјално потпиша за нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Низа на играчи кои одбележаа една ера во Баерн на крајот од сезоната ќе го напуштат минхенскиот клуб.

Од следната сезона нема да бидат во клубот Робен, Рибери и Рафиња. Токму искусниот дефанзивец прв си пронајде нов клуб.

Тој одлучи да се врати во родниот Бразил каде што ќе го носи дресот на Фламенго.

Славниот бразилски клуб на Твитер го објави доаѓањето на 33-годишниот фудбалер.

Овој фудбалер својата земја на напушт уште во 2005. година, а во Европа освен за Баерн играше за Шалке 04 и Џенова.

Рафиња за Баварците одигра 266 натпревари и притоа постигна шест голови и 29 асистенции. Со Баерн седум пати беше шампион на Германија, еднаш во Лигата на Шампионите и Суперкупот на Европа.