Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски уште еднаш ја покажа својата големина и надвор од терените со хуманитарна акција во неговиот роден град Прилеп.
Несторовски не ги заборави своите сограѓани во овие тешки моменти, па најпрво донираше парични средства во прилепската болница, а денес ги израдува и оние на кои помошта им е најпотребна – социјално ранливите семејства.
Имено, голгетерот заедно со своето семејство подготви хуматирани пакети за социјално ранливите семејства пред најголемиот христиански празник Велигден.
„Во време на пандемијата од коронавирусот, едно од најголемите зла на денешницата, а во пресрет на најголемиот христиански празник Велигден, фамилијата Несторовски ви посакува убави моменти во кругот на семејството со порака: ОСТАНИ ДОМА“