Наскоро нов потпис во Наполи?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот на фудбалерот на Наполи Елсеид Хисај во изјава за италијанските медиуми истакна дека постои можност неговиот клиент да го продлжи договорот со Наполитанците.

Албанецот на Сан Паоло пристигна во 2015. година и се етаблираше како еден од најдобрите десни бекови на Апенините.

Се споменуваа интересирања од премиерлигаши, па и Јувентус, но се чини дека 25-годишниот фудбалер би требало да остане уште долго во Наполи, бидејќи и клубот сака продолжување на соработката.

„Што се однесува на продолжување на соработката, мораме да сочекаме неколку месеци да го видиме развојот на ситуацијата. Тој е свесен колку има дадено за клубот, но и клубот нему“, истакна Марио Џифреди.

Договорот на Хисај истекува 2021. година, па неговата судбина најверојатно ќе биде позната до наредното лето.