Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Мартин Јол, инаку тренер на Ал Али си поднесе оставка од клубот бидејќи доби закана од навивачите на истиот клуб дека ќе биде убиен.
Мартин со навивачите се расправал во петокот кога во афричката лига на шампиони, неговиот тим извади реми со Зеско Јунајтед од Замбија и не се пласира во 1/2 финале. После тоа доби закани од навивачите на социјалните мрежи.
Навивачите дури се обидоа и да го нападнат тренерот во вторникот додека тој имаше тренинг со својата екипа.
„Мартин не извести дека неможе да остане во тимот до истекувањето на договорот кој му истекува за година ипол. Го прифативме тоа и го раскинавме договорот“ – стои во официјалното соопштение од тимот.
Холанѓанецот се извини за неуспехот во ЛШ, иако Ал Али ја освојува таа ЛШ веќе рекорди осум години по ред.
Мартин Јол пред шест месеци го зеде овој клуб и ја освои лигата со истиот.
Тој во кариерата уште ги има тренирано и тимовите на Ајакс, Тотенхем, Фулам и Хамбург.