Навивачите на Тотенхем занемеа кога видоа кого сака да донесе Мурињо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем не ја отвори новата сезона на најдобар начин затоа што беше поразен на домашен терен од Евертон (0:1) во првото коло од Премиер лигата.

Тотенхем ниту ова лето не донесе звучни засилувања, па ја продолжија својата традиција да не трошат многу пари. Сепак, јасно е дека на тимот на Жозе Мурињо им требаат некои промени доколку сакаат да бидат конкурентни оваа сезона.

Дејли Меил денес објави дека португалскиот стручњак пред се сака да донесе уште еден напаѓач, а навивачите на Тотенхем беа воодушевени кога видоа кој е мета на овој клуб.

Наводно, Мурињо им соопштил на клупските челници дека сака да го доведе напаѓачот на Франкфурт, Бас Дост, кој би ги чинел околу шест милиони евра. Дост би бил резерва за Хари Кејн, и тој сигурно не можеше да сонува дека може да потпише за Тотенхем ова лето.

31-годишниот напаѓач пристигна во Франкфурт пред една година од Спортинг, и успеа да постигне осум гола на 24 натпревари во Бундеслигата.