Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Скопје Опен оваа година прераснува во најзначајниот спортски настан на национално ниво. Очекуваме пристигнување на повеќе од 1000 натпреварувачи од преку 50 држави. Неколку национални тимови од олимписките велесили ќе пристигнат. Скопје ќе го носи епитетот центар на олимпискиот спорт – теквондо.
Организацијата на Скопје Опен е во рацете на Македонската Таеквондо Федерација, заедно со Таеквондо Клуб Бутел и Таеквондо Клуб Рамус-Софија.
Министерството за спорт е главниот покровител на овој величествен спортски настан.
Скопје Опен е Г1 турнир, што значи меѓународен турнир кој влегува во официјалниот календар на светската теквондо асоцијација. Овој турнир обезбедува бодови за олимписки квалификации.
Турнирот е закажан на 29 и 30 март, 2025 година, и ќе се одржи во големата сала на СРЦ Јане Сандански. Почетокот на борбите е во 09:00 часот.