НБА – Два потписи вредни 175 милиони долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес два големи кошаркари ставија потпис на договорите со своите клубови.

Уште од први јули се знаеше дека Дерозан ќе остане во Торонто, а сега стави потпис на договорот вреден 145 милиони долари.

Тој и следната сезона ќе го предводи Репторс со Лаури.

Тој следните пет години ќе биде Рептор, а денес договор со новиот клуб потпиша По Гасол.

Шпанецот доаѓа во Сан Антонио како замена за Тим Данкан кој се повлече од кошарката, а на негова сметка, Спарс во следните две години ќе уплати 30 милиони долари.

Денес многу работи се случија во НБА. Њујорк Никс го доведоја кошаркарот на Реал Мадрид, Морис Н Дур, а Бруклин Нетс го доведе Џо Херис од Кливленд Кавалирс.

Сан Антонио покрај потписот на Гасол, ги обезбедија услугите на Дежонте Мареј.