Не беше повикан на ЕП, но ова лето би можел да го памети


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Напаѓачот на Севиља, Кевин Гамеиро, одигра одлично во сезоната која е зад нас.

Гамеиро во шпанската Примера беше стрелец на 16 погодоци, а тоа го привлече вниманието на бројни европски гиганти кои сакаат да го видат во нивните редови.

Одличните настапи на Гамеиро би можеле да му помогнат да го направи трансферот на кариерата, бидејќи интерес за него покажа Барселона.

Имено, Каталонците, според пишувањето на шпанските медиуми се спремни да ја активираат клазулата на овој фудбалер која изнесува 32 милиони фунти.