Не е само Гатузо: Уште еден тренер е потенцијален наследник на Анчелоти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Италија веќе на големо се пишува за отказот на Карло Анчелоти и се тврди дека не е прашање дали Анчелоти ќе биде отпуштен, туку прашањето е само кога.

Веќе во јануари би можеле да видиме големи промени во Наполи, се очекува да заминат неколку фудбалери, но прво би требало да видиме промена клупата.

Како фаворит за наследник на Анчелоти во медиумите се истакнуваше Гатузо, меѓутоа денес се појави уште едно име – Лучијано Спалети.

Поранешниот тренер на Рома, Зенит и Интер е слободен од крајот на мај кога стана познато дека Конте ќе седне на клупата на Интер. Спалети има големо искуство од водење клубови во Серија А и не изгледа како лош избор.