Не е се така црно за Џо Харт


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на англиската репрезентацијата Сем Алардајс изјави дека и понатака смета на услугите на Џо Харт.

Членот на Манчестер Јунајтед се најде во немилост на новиот тренер Пеп Гвардиола и извесно е дека ќе го промени клубот, а иако сега е без минутажа, ќе биде во првиот тим во мечот против Словачка на почетокот од квалификациите за СП.

Тоа, меѓу останатото, за Скај Спортс го потврди и селекторот Сем Алардајс.

„Проблем за играч кој сакате да ги повикате во репрезентацијата може да биде тоа што не игра во својот тим. Ќе има играчи кои не играат редовно во своите тимови, но ќе ги изберам тие кои се во најдобра форма и кои играат натпревари.

Кога се работи за Харт, тој сигурно ќе биде во тимот“, рече Алардајс.

На прашањето дали Руни и понатака ќе биде капитен, одговори: „Го собори секој рекорд во Премиер лигата, во Лигата на шампионите, на репрезентативно ниво. Многу е добар капитен, а дали ќе остане, ќе биде познато кога во недела ќе се објави списокот“, додаде англискиот селектор.