„Не сум задоволен додека не освојам се“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ дојде со намера во Манчестер Јунајтед – да  освојува трофеи!

Ибрахимовиќ во овој викенд, поточно утре, ќе има шанса со Јунајтед да го освои првиот трофеј во новата сезона.

Имено, Црвените ѓаволи го играат мечот од Комјунити Шилд против Лестер.

Ќе биде тоа вистинска шанса да видиме со каква екипа располага Жозе Мурињо.

„Една игра, еден трофеј. Веруваме во победа над Манчестер. Се навикнав на освојување на трофеи. Не дојдов овде да губам време“, рече Ибрахимовиќ за официјалната страна, и додаде:

„Веројатно ова ќе биде прв трофеј кој ќе го однесам дома. За мене секој трофеј е сериозен. Собрав 30 трофеи, сакам уште. Не сум задоволен се додека не освојам се. Тоа е она поради што се борам“.