Неговиот татко се разбуди од кома, па Кабиб изјави: „Половина од моето семејство е во болница заради коронавирусот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кабиб Нурмагомедов вчера се огласи на Инстаграм и рече дека неговиот татко Абдулманап се уште е во критична состојба.

Минатата недела Абдулманап беше префрлен во болница во Москва поради проблеми со срцето, па заврши во кома. Сепак, пред неколку дена се разбуди од кома, но неговата состојба е сè уште критична.

Кабиб синоќа со објава на Инстаграм им ја откри состојбата на неговиот татко на загрижените обожаватели и ги шокираше сите кога рече дека всушност тој е заразен со коронавирус.

“Повеќе од 20 луѓе во моето семејство се заразени. Многу познаници починаа и многу членови на моето семејство се во болница. Тешко е тешко да се справам со сето ова. Татко ми имаше операција на срце и сега е заразен со коронавирус. Во моментов е во критична состојба и мораше повторно да има операција на срце. Секој ден се молам на Бога да се врати “, напиша Кабиб.

View this post on Instagram

?

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on