Нејмар има нова девојка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најверојатно напаѓачот на ПСЖ, Нејмар конечно пронајде нова девојка.

Бразилскиот репрезентативец имаше турбулентен период. Беше обвинет дека има силувано девојка, па аферата долго траеше, остана без капитенската трака во Бразил, имаше големи проблеми со навивачите на ПСЖ бидејќи сакаше да се врати во Барселона, но сега, очигледно е дека го пронајде својот мир.

Како што пишува бразилската новинарка Фабиа Оливеира, каја пишува за дневникот „О Диа“, звездата на ПСЖ е во врска со американската убавица Наталија Барули.

Се работи за поранешната девојка на колумбијскиот пеач Жуан Луис Лондон Ариас познат како Малума. Наводно, Наталија и Нејмар се во Париз веќе со денови, а претходно неколку пати се имаат гледано на различни локации.

Врската сеуште не е официјално потврдена, но парот веќе е заедно и се чека нивно заедничко појавување во јавноста.

Американката има повеќе од 2.5 милиони следбеници на Инстаграм и изгледа многу атрактивно и привлечно.