„Неколку пати го одбив Јувентус, не сакав да испаднам како лоша личност“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус во моментов е еден од најдобрите европски и светски клубови, меѓутоа пред 10 години не беше случај кога Старата дама не успеа да ги привлече големите sвезди како денес.

Стеван Јоветиќ одигра одлични партии во Фионетина, па беше желба на Бинаконерите кои го посакуваа во неколку наврати, но Црногорецот не заврши во Торино.

Офанзивниот играч чија кариера ја мачи многу проблеми со повреда, призна дека тој повеќе пати го одбил Јувентус затоа што не сакал да испадне лоша личност.

“Кога заминав, се чувствував лошо затоа што некои напишаа дека одам во Јувентус. Ја знам историјата на Виола, неколкупати ги одбив Бјанконите.”

Овој 30-годишник во моментов е член на Монако, во меѓувреме играше за Интер и Севиља.

Ривалството на Фиорентина и Јувентус беше кренато на високо ниво пред три децении кога Роберто Баџо се пресели во клубот од Торино и од тогаш во Фиренца секое заминување од Фиорентина кај Бјанконерите се смета за предавство.