Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Едвај фати ритам и се врати на големата сцена, но Нејмар повторно ќе мора на пауза.
Искусниот и прославен бразилски напаѓач не беше во составот на Сантос во последниот натпревар, а причината е новата повреда. Нејмар не се чувствуваше подготвен и дури не беше ни на клупата.
Бразилецот се пожалил на болки кои ги чувствувал неколку недели, но овој пат тоа го спречи да игра за Сантос претходната ноќ. Поранешниот фудбалер на Барселона беше на прегледи кои покажале дека треба да паузира.
По пропуштениот натпревар се огласи и Нејмар:
„За жал, чувствував болка во последните неколку недели… Навистина сакав да ѝ помогнам на екипата, направивме тестови утрово, но повторно почувствував болка“, рече прославениот Бразилец.