Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, ја одбл понудата за 100.000.000 евра годишно, потврди денес неговиот агент Пини Захави.
Полјакот минатото лето беше цел на клубови од Саудиска Арабија, но постојано ги одбиваше. Левандовски не размислуваше ни во еден момент да го напушти клубот во време кога има договор со Барселона.
“Во текот на минатото лето добивме понуда од Саудиска Арабија, според која Левандовски требаше да заработува 100.000.000 евра годишно. И тој ја одби. Посакуваше да остане во Барселона затоа што почувствува дека ќе се бори за сите трофеи, Ла Лига и Лигата на шампионите, и не се излажа. На крај успеа, само малку недостасуваше Барселона да ги освои сите трофеи,” откри Пини Захави.
Тој исто така објасни дека оваа одлука е водена од амбициите на Роберт Левандовски, како и од квалитетот на животот.
“Тој мисли на сè, вклучувајќи и каде живее. Левандовски е воодушевен од животот во Барселона и ужива како на теренот, така и надвор од него. Клубовите од Саудиска Арабија инвестираат многу, доведуваат многу играчи, но имаат ограничен број што можат да ги користат. Неколкупати не контактираа, но Левандовски тврдоглаво ги одбиваше.”, рече Пини Захави.
Можно е Полјакот по истекот на неговиот договор, следното лето, сепак да замине за Арабија, но е јасно дека тоа нема да му биде прва опција.