Неверојатен детал ќе одлучува за судбината на Диего Коста после црвениот картон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Диего Коста во претходниот викенд во дербито против Барселона на Ноу Камп беше исклучен.

Тој доби црвен картон во 28. минута после жестоки пцовки кои ги упати кон судијата.

Фудбалерот на Атлетико подоцна сакаше да се извлече со објаснување дека се пцуел себеси, но еден детал ќе одлучи за тоа дали Коста ќе добие осум натпревари суспензија.

Тоа е аудио снимка која ја поседува Комитетот за судење во Ла Лига. Пцовките јасно можат да се чујат на микрофонот кој сите судии го имаат поради комуникација со помошниците и со ВАР собата и тој детал ќе одлучи за судбината на Диего Коста.

Меѓутоа, шпанските медиуми тврдат дека одлуката е веќе донесена. Наводно се слуша дека шпанскиот репрезентативец го пцуе судијата и дека тоа на крај ќе го чини жестока суспензија.

Веројатно Коста ќе биде суспендиран до крајот на сезоната, а ќе пропушти еден натпревар и од наредната сезона.