Неверојатна приказна, спротивна од онаа Варди: Некогаш најголем талент, денес настапува за третолигаш…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Англија редовно пристигнуваат вести за неверојатните приказни кога во прашање е сензационалниот фудбалски напредок на некој играч за краток период, што беше случај со Џејми Варди, но има и спротивни ситуации.

Токму еден таков случај ни доаѓа од нисколигашот Честерфилд. Имено, некогаш најголемиот талент на Островот, барем кога во прашање се напаѓачитем Чед Еванс, сега е член на верувале или не еден од најслабите третолигаши.

Фудбалерот со потекло од Велс во 2008 година пристигна во Манчестер Сити како дел од големиот проект кои го правеа богатите шеици од Обединетите Арапски Емирати, но овој фудбалер не успеа да се снајде на “Итихад”. Неговата кариера тргна во надолна линија, но остана во Премиер лигата како член на Норвич, но само неколку години подоцна Еванс падна до толку што требаше да ја оживува својата кариера Честерфилд кој судејќи според се следната сезона ќе се бори да избегне испаѓање во четвртиот ранг во Англија.