Неверојатно опоравување: Кристијано Роналдо веќе тренира, спремен можеби и за стартот на Примера


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа после продолженија ја совладаа Севиља и го освоија УЕФА Суперкуп. Навивачите се пресреќни, а причина за дополнително задоволствто многу имаат.

Имено, денеска со тренинзи почнаа португалските херои, Кристијано Роналдо и Пепе.

Да потсетиме, овој двоец доби продолжен одмор после што го освоија ЕВРО со Португалија.

Шпанските медиуми јавуваат дека Роналдо и Пепе прво разговарале со тренерот Зинедин Зидан, после што започнале со тренинг.

Да потсетиме, Роналдо се повреди во финалето на Евро и имаше гласини дека го чека повеќе месечно отсуство поради проблем со коленото, но постои можност да заигра веќе во првото коло од Примера каде што Реал гостува кај Реал Сосиедад.