New York Times: Конор Мекгрегор обвинет за силување!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ирецот има проблем.

Ирската ММА ѕвезда Конор Мекгрегор вчера објави дека ја завршува својата боречка кариера.

Контроверзниот борец на Твитер објави дека го напушта светот на ММА и напиша:
„Кратка вест. Денес се одлучив да се опростам од ММА. На колегите им посакувам среќа во понатамошните мечови, а јас им се приклучувам на поранешните колеги кои се веќе во пензија. Пина Колада од мене“, напиша Мекгрегор.

Меѓутоа, се претпоставува дека неговото заминување не може да биде без причина. New York Times открива дека Конор во Ирска е обвинет за силување и дека моментално против него е покрената истрага.

Како што тврди еден од најугледните весници во светот, Мекгрегор е уапсен во јануари, заради наводно силување кое се случило во декември миинатата година.

После се, неговата портпаролка Карен Кеслер, даде официјална изјава за медиумите.

„Се зборува за приказна која кружи веќе некое време и не ни е јасно како сега се појави во медиумите. Претпоставката дека пензионирањето на Конор има некаква врска со тоа е апсолутно неточна. Дали Конор ќе се бори во иднина, тоа ќе зависи од тоа дали ќе успее да дојде до состојба во која во борците се ценат спрема нивната вредност, вештина, вложениот труд и одданост кон спортот“, беше наведено во изјавата.

Последниот меч на Конор беше против Хабиб Нурмагомедов во октомври 2018 година.