Незаборавниот офсајд на Лука Јовиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот напаѓач Лука Јовиќ сеуште е без погодок во дресот на Реал Мадрид.

Кралевите вчера ја совладаа Осасуна на Сантијаго Бернабеу со резултат од 2:0 кој го постигнаа Винициус и Родриго, а блиску до погодок во дресот на Реал Мадрид беше и Лука Јовиќ.

Младиот напаѓач ја затресе мрежата на тимот од Памплона. Потоа го прослави и голот, но потоа со ВАР технологијата славењето беше прекинато.

Јовиќ после прегледот на снимката за милиметар-два бил пред последниот играч на Осасуна и на крајот погодокот беше поништен.

Лука се јави после се.

„Важна е победата вечерва. Но не сум среќен што останав без гол, а бев толку блиску“, истакна Лука Јовиќ.