Нејмар по срамниот пораз се расплака: Никогаш не сум доживеал вакво нешто


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Синоќа, Сантос го претрпе тежок пораз од Васко да Гама со резултат 0:6 на својот стадион Морумби, во 20. коло на бразилското првенство.

Оваа победа ќе биде запаметена како најголемата тримф на Васко над Сантос и најголемата гол-разлика во скоро век од нивните меѓусебни средби.

Тимот од Рио де Жанеиро го отвори резултатот во 18-та минута преку погодокот на Лукас Питон. Потоа одбраната на домаќините се распадна: Дејвид зголеми во 52-та минута, Филип Кутињо постигна два гола во 54-та и 61-та минута, Раян беше прецизен од белата точка во 59-та минута, а Че Че го затвори натпреварот со шестият гол во 67-та минута.

Екипата на Васко Де Гама со овој натпревар му го расипа денот на Нејмар. Овој меч беше 250-ти натпревар за 33-годишната ѕвезда за Сантос, клубот каде ја започна својата кариера.

Во оваа сезона, Нејмар има постигнато три гола на 11 натпревари во лигата.

По натпреварот, Нејмар беше многу искрен: “Нашата игра е катастрофа. Неприфатливо е и жално. Навивачите имаат полно право да не напаѓаат и навредуваат денес. Тоа го заслужуваме. Ме срами. Никогаш не сум доживеал нешто слично во мојот живот.”