Нигериец го засили Работнички


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Работнички во последниот ден од преодниот рок успеа да доведе засилување.

Се работи за нигериецот, Ридван Рашак Адешина кој доаѓа од Скендербег.

Адешина во следните две сезони ќе го носи дресот на Работнички.

„Успеавме да го комплетираме договорот со нигерискиот интернационалец Ридван Рашак Адешина. Тој доаѓа како отстапен фудбалер од редовите на Скендербег, а во Работнички ќе остане во наредните две години. Со него ќе ја засилиме конкуренцијата во напаѓачките редови на нашиот тим и веруваме дека ќе се покаже како квалитетно засилување“, изјави Иван Поповски.