Ништо од Арсенал и Ливерпул, Германецот останува во својот клуб

Го сакаат многу, но германскиот клуб не сака да го пушти.

Спортскиот директор на Волфсбург, Клаус Алофс ја отфрли можноста Дракслер да си замине.

Дракслер минатото лето стигна од Шалке, а со одличната игра привлече внимание, посебно од Арсенал и Ливерпул.

„Неговата ситуација е 100% јасна, тој останува во Волфсбург и нема да преговараме“, изјави Алофс.

Дракслер минатата сезона на 34 натпревари постигна 9 погодоци.