Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ракометната репрезентација на Норвешка како еден од домаќините Европското првенство ќе игра во групата со Босна и Херцеговина, Франција и Португалија.
Веќе е јасно дека Норвежаните нема да настапат во најјак состав бидејќи поради повреди отпадна 37-годишниот Бјарте Мирхол, додека под знак прашање е настапот на Магнус Род.
Пред нив двајца отпадна и Кент Робин Тонесен. Десниот бек на Веспрем мораше да ја оперира ахиловата тетива и за него оваа година натпреварувачка година е завршена.
Тонесен е навистина малер кога се во прашање големите натпреварувања. Светското првенство кое се одржа на почетокот на оваа сезона во Данска и Германија исто така го пропушти поради повреда.
Инаку, Европското првенство почнува на 10. јануари, а во првото коло Норвешка игра против Босна и Херцеговина.