Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хорхе Меси и Хосеп Марија Бартомеу вчера не успеаја да постигнат никаков договор за можно заминување на Лионел Меси од Барселона.
На состанокот кој сите долго го чекаа, не се дозна ништо ново. Ставовите на обете страни останаа исти, семејството Меси сака Лео да го напушти клубот, додека Барселона верува дека тој е под договор и може да оди само ако некој плати 700 милиони евра за него.
Аргентинскиот TyC Спортс донесе интересни информации по состанокот. Тие пишуваат дека по разговорите е сигурно дека Меси ќе остане член на Барселона, но дека ќе замине летото 2021. година како слободен агент.
Mañana define leomessi. Pero hay un nuevo escenario: existen chances concretas de que el mejor del mundo siga hasta junio de 2021 y cumpla su contrato.
— Martin Arevalo (@arevalo_martin) September 2, 2020
A esta altura lo está evaluando. Los dirigentes le pidieron por… https://t.co/2EwShAblQ5
На тој начин Каталонците ќе останат без никакво обештетување. Според договорот, Меси има опција да го извести клубот пред крајот на сезоната дека сака да оди, што го стори и оваа година, но клубот не ги признава неговите документи, со оглед на тоа што рокот за објавување истече во мај.
Сепак, сега ќе бидат известени на време. Меси ќе одигра уште една сезона на Камп Ноу и потоа како слободен играч ќе замине каде што сака.
Ова секако е само едно сценарио и информација што ја има TyC Спортс, но наводно и денес ќе има некои преговори по кои ситуацијата би можела да биде многу појасна.