Нов отказ во Премиер лигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Евертон во претходниот период вложи доста пари во тимот, но сеедно – ништо.

Тимот од Гудисон парк игра лошо и оваа сезона, после 15. одиграни кола во Премиер лигата тие се во зоната на елиминација, на 18. позиција со 14 освоени бодови.

За отказот на тренерот Марко Силва се шпекулираше веќе некое време, но синоќешниот пораз во Мерсисајд дербито од Ливерпул (5:2) беше сигнал до управата на клубот дека е крајно време да се раскине соработката со португалскиот стручњак.

Вчера Силва официјално доби отказ од клупата на Евертон, екипата чие кормило го превзеде при крајот на мај во 2018. година.

Така, Силва се најде последен во низата на тренери во Премиер Лигата кои оваа сезона добија отказ, после Покетино, Емери, Санчез Флорес…

За тимот привремено ќе се „замара“ Данкан Фергусон , додека Евертон ќе се потруди што побрзо да најде замена за Силва.