Нов потпис во Барселона: Ова е клубот на мојот живот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Раководството на Барселона постигна уште еден важен договор за продолжување на соработката, а овој пат потпиша нов договор од Аитор Арино.

Според новиот договор, тој ќе остане во Барселона до 2025. година, така што неговиот договор е продолжен за четири години.

Арино потекнува од ракометната школа на Барселона, а точно пред десет години го направи своето деби за првиот тим на Барселона.

“Mоја желба ми беше секогаш да останам овде. Ова е клубот на мојот живот и најдобриот клуб во светот. Јас сум крајно возбуден од сè”, рече Арино по потпишувањето на договорот.

Зад него е многу добра сезона, бидејќи на 40 одиграни натпревари овој крилен играч постигна 115 голови.