Нов проблем за Барселона – не знае каде да биде домаќин во нокаут-фазата на ЛШ!?


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Барселона се соочува со нови предизвици, бидејќи сè уште не е јасно каде ќе ги одигра своите домашни натпревари во нокаут фазата на Лигата на шампионите.

Со освоени 15 поени, две кола пред крајот, каталонскиот гигант веќе го обезбеди своето место во следната рунда од најпрестижното европско клупско натпреварување. Сепак, главниот проблем е што Барселона во моментов не знае кој стадион ќе биде домаќин на овие решавачки натпревари.

Шпанскиот спортски медиум „Марка“ објави дека клубот разгледува три можни опции за стадионите – „Ел Прат“, „Месталја“ и „Ванда Метрополитано“. Но, изборот е сè освен едноставен. Играчите и навивачите на Барселона тешко ја прифаќаат можноста да играат на „Ел Прат“, домот на нивниот градски ривал Еспањол. Од друга страна, стадионот на Валенсија, „Месталја“, е на повеќе од 300 километри оддалеченост, што претставува логистички предизвик. Исто така, „Ванда Метрополитано“, стадионот на Атлетико Мадрид, е малку веројатна опција, особено ако Атлетико исто така обезбеди пласман во следната фаза.