Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар славеше над Шкендија со убедливи 3:0, Пелистер истотака со 3:0 славеше над Брегалница, Силекс и го нанесе на прилепска Победа вториот пораз.
Вардар со головите на Никола Глигоров во 38 минута, Џонатан Балотели во 59 и на Дамир Ковашевиќ во 70 минута стигнаа до победа над тетовска Шкендија во дербито на колото.
И Пелистер на домашен терен истотака стигна до победа од 3:0. Стрелци на головите беа Петар Љамчевски во 48 минута, Благојче Марковски во 87 минута и Филип Петров во 89 минута.
Работнички до победа против Шкупи стигна со голот Леон Најдовски во 28 минута.
Ренова стигна до победа против Македонија ЃП во 83 минута, стрелец на победоносниот гол беше Адили Мурат.
Силекс до првиот триумф стигна против прилепска Победа. Силекс славеше со 2:1. Силекс дојде до предност со голот на Ѓорѓи Танушев во 28 минута, Победа во 53 минута израмни на 1:1 со голот на Благоја Гешоски, победоносниот гол за Силекс го постигна Игор Неделковиќ од пенал во 79 минута.