Обамејанг: Од Дортмунд сакам да заминам само во еден клуб


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Борусија од Дортмунд од минатата сезона Пјер Емерик Обамејанг порача дека посто исамо еден клуб во кој што би преминал од Борусија Дортмунд.

Таа екипа е Реал Мадрид, клуб за кој овој Габонец навива од мали нозе. Сепак, тој порача дека сеуште не е време за заминување и дека уште некое време сака да остане во Дортмунд.

Да потсетиме дека за услугите на Обамејанг во ова лето се интересираа бројни екипи, но дека тој сепак не прифати ниту една понуда.

Во минатата сезона постигна дури 25 голови и беше најдобар стрелец на својот клуб.