Очаен потег на Сари: Дали ова е решение за позицијата на левиот бек?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус утре продолжува со потерата кон Интер. Се очекува лесна победа против СПАЛ, но тренерот Маурицио Сари наиде на некои проблеми.

Имено, Маурицио Сари остана без своите бекови, а посебно проблематична е позицијата покрај левата аут линија.

Алекс Сандро отпатува во Бразил поради смртта на својата баба, додека Данило и Де Шиљо и понатаму се изложени на повредите.

Медиумот Corriere della Sera поради тоа предвидува дека Сари против СПАЛ има во план за лев бек да го постави Матуиди.

И покрај тоа што одамна нема играно на таа позиција, на Матуиди тоа не му е непознато. Имено, кратко играше како лев бек во Сент Етјен пред да премине во ПСЖ во 2011. година.

Доколку ова решение не биде функционално, Сари најверојатно ќе мора да се одлучи за трочлена задна линија. Но не е невозможно стратегот на Старата Дама да го „повлече“ и Пиетр Беруата од вториот тим.

На позицијата на десен бек ќе игра Квадрадо, чија оригинална позиција му е крило.