Официјално: Јован Манев повторно во Хрватска


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец, Јован Манев, ќе ја продолжи својата кариера во Хрватска носејќи го дресот на Ријека.

Манев склучи договор со хрватскиот клуб до 2027 година. Тој доаѓа како слободен играч по прекинот на соработката со Адана Демиспор.

За Манев, Ријека е вториот хрватски клуб, бидејќи минатата сезона тој играше во Осијек како позајмен фудбалер.

Својата кариера ја започна во Брегалница, каде по 30 одиграни натпревари направи трансфер во Адана. Дресот на македонската репрезентација го носеше на десет натпревари и постигна еден гол.