Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Франко Мастантуоно од денеска и официјално е нов член на екипата на Реал Мадрид.
Кралскиот клуб објави дека го договорил доведувањето на 18-годишниот суперталент од Ривер Плата. Реал брзо реагираше на пазарот и ги заврши преговорите кои го поставија во директна конкуренција со Париз Сент Жермен.
Аргентинскиот гигант побара комплетна исплата на отштетната клаузула од 45 милиони евра од францускиот клуб.
Мастантуоно веќе го покажа својот невероjатен талент на теренот и многумина го сметаат за најперспективниот аргентински фудбалер на денешницата. Тој е стандарден првотимец на Ривер Плата, а може да игра како десно крило и како офанзивен играч за врска.
Неговата игра најчесто започнува од страничните позиции, од каде што се движи кон центарот за да го искористи својот прецизен лев удар, со кој редовно упатува шутеви од далечина. Освен тоа, без проблем се повлекува обратно за да придонесе во изградувањето на играта.