Официјално: Анри во стручниот штаб на Белгијанците


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што се и пишуваше, Тиери Анри стана асистент на селекторот на Белгија.

Во наредниот период Тиери Анри ќе има нова работа, прва сериозна по завршувањето на својата професионална кариера.

Тој ќе биде во стручниот штаб на Белгија, ќе му помага на Роберто Мартинез кој е поставен за нов селектор на Ѓаволите.

Се зборуваше во претходните неколку дена дека ова ќе се случи, а потврдата е објавена денеска кога Анри се појави на собирот на споменатата репрезентација, што може да се види и по фотографијата.

Инаку, покрај Анри, помошник на Мартинез ќе му биде и Грем Џонс.