Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аргентинскиот стручнак Марсело Биелса во минатите денови се најде во центарот на вниманието бидејќи после само два дена даде отказ на клупата на Лацио, а сега е јасно и зошто.
Биелса од наредната сезона требаше да го води Лацио, но после само два дена соопшти на челниците на римскиот клуб дека го напушта Олимпико.
Сепак, денеска е објавено дека Марсело Биелса е нов селектор на Аргентина.
После поразот во финалето на Копа Америка, Тата Мартино, ја напушти клупата на Гаучосите, а Биелса ќе биде негов заменик. Овој стручнак се враќа на клупата на Аргентина бидејќи беше селектор во периодот од 1998 до 2004 година.