Официјално – Ново заминување од Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот ја напушти Барселона и се врати во Серија А.

Напаѓачот на Барселона, Кристијан Тељо и официјално потпиша договор со Фиорентина и следната година ќе биде на позајмица во италијанскиот клуб.

Луис Енрике го отпиша крилниот напаѓач кој минатите две сезони беше на позајмици во Фиорентина и Порто.

Фиорентина на официјалниот сајт соопшти дека ќе можи да го откупи договорот на Тељо, но не се знае сумата.

Се претпоставува дека Барселона од неговата продажба би можела да заработи од 8 до 10 милиони евра.

Тељо е девети фудбалер кој си замина од Барселона после Дани Алвеш, Мартин Монтоја, Марк Бартра, Томас Вермален, Адријано, Алекс Сонг, Ален Халиловиќ и Сандро Рамирез.