Официјално – Саутемптон го доведе првото големо засилување!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што беше најавувано, досегашниот фудбалер на Баерн Минхен, потпиша договор со Саутемптон.

Англискиот клуб потврди дека во клубот пристигнал Пјер-Емил Хојберг кој потпишал договор до 2021 година

За овој дански репрезентативец тие платија околу 15 милиони евра.

Хојбер минатата сезона ја помина на позајмица во Шалке, каде што одигра 25 натпревари, во главно влегуваше од клупата за резерви, а за тоа време успеа да запише една асистенција. Запиша и пет настапи за репрезентацијата на Данска.

Овој клуб ќе мора да гради нов тим, бидејќи покрај менаџерот Роналд Куман од клубот заминаа Грацијано Пеле, Садио Мане и Виктор Ванијама.