Официјално: Украинец пристигна на “Итихад”


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот украински фудбалер Олександр Зинченко е нов фудбалер на Манчестер Сити.

“Граѓаните” официјално го потврдија трансферот на Украинецот и тој со англискиот клуб ќе потпише повеќегодишен договор. Овој 19 годишен фудбалер во редовите на Манчестер Сити пристигнува од руски Уфи, каде што настапуваше една година.

Зинченко кариерата ја започна во Шахтјор. Сепак, бидејќи не доби шанса за игра во првата сезона, одлучи на кратко да ја прекине кариерата, но во 2015 година се врати во дресот на Уфи. Одигра одлична сезона, доби повик од украинскиот селектор за настап на Европското првенство во Франција, а потоа потпиша договор со Манчестер Сити.