Општа тепачка по натпревар во Ла Лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Општа тепачка избувна вчера по натпреварот во шпанската Ла Лига помеѓу Хетафе и Виљареал.

Гостите славеа со 1:3 на овој натпревар, а на патот кон соблекувалната се случи вистински хаос и тепачка меѓу играчите на двата тима. .

Главната улога ја имаше голманот на Виљареал, Маријано Барбоса. Тој го удри фудбалерот на домашната екипа Ниома одзади, а интересно е што играчот на Хетафе доби црвен картон од судијата.

Тоа не заврши тука. Неколку други играчи на двата тима добија црвени картони поради конфликтот. Меѓу нив се Алан Ромеро, Ибора, Даниел Суарез, Ксавиер Еткеита, а завојуваните страни ги раздели полицијата.

Сигурно е дека Ла Лига ќе покрене истрага против сите учесници во конфликтот и тие би можеле да добијат навистина високи казни.

Она што е сигурно е дека играчите ќе ги пропуштат следните натпревари на нивниот тим поради црвените картони, а ќе видиме какви ќе бидат понатамошните последици.